Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стејт департментот тешко би ставил некој на „црна листа“ без строги и јасни аргументи – Селими во „Топ тема“ за ставањето на Груби на „црната листа“ на САД

/

пред 682 дена

Сподели преку :

Бев малку изненаден. Не поради дека се шпекулираше низ различни кругови дека е прашање на време, поради тоа што „црната листа на американскиот Стејт департмент стана алатка за, на некој начин креирање на мислење дека некој е оспорен, а всушност тој процес е премногу таен и за него се одлучува на мнопгу високи нивоа, рече Сефер Селими, политички аналитичар, во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма во врската со денешната објава дека поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и судијата Енвер Беџети се најдоа на „црната листа“ на американскиот Стејт департмент.

„Една од причините зошто бев изненаден за Груби е тајмингот. Кога го велат ова, мислам на пребрзо по заминување од функцијата на поранешниот прв вицепремиер. Значи неполни шест месеци. Вообичаено, барем во минатото, праксата била дека во поголема временска рамка се донесуваат вакви одлуки. И трето, Груби пред да замине од функцијата имаше неколку јавни настапи со претставници на американската амбасада и амбасадорката поврзани со коридорот 8, што даваше впечатокот дека тие се само гласини и шпекулации“, рече Селими.

Меѓутоа, додава Селими, имаше преголеми обвинувања од опозиција, дури и од негови сојузници во владата кои соработуваа со него „дека има крупни афери кои се поврзуваат со корупција“.

„Тие никогаш не влегоа во судски процес за да се докажат дали се точни или не. А, ние завршуваме со една ваква одлука на Стејт департментот која очекувам дека ќе покрене иницијатива во нашето обвинителство за да се провери и да се процесуира за да се утврди дали постои криминал или не. Стејт департментот тешко би се впуштил без јасни и строги аргументи да нагласува или стави на „црна листа“ некој политичар, особено од ваков калибар“, додаде Селими.