Стотици патници останаа заглавени во своите возила на патиштата во централната германска покраина Хесен, откако снежните врнежи го покриа автопатот, предизвикувајќи сообраќаен метеж и километарски колони со возила.
Поради обилните врнежи од снег но и мраз на пистите во некои делови од земјата голем број автопревозници ги одложија патувањата.
Германската метеоролошка служба очекува повеќе снег и предупредува дека возачите од регионите Ајфел и Келн преку планините Ротар до Тирингија мора да се подготват за „постојани и обилни снежни врнежи“.
Во соседна Франција, особено во северните предели, останува на сила портокаловата метеоролошка тревога, а властите апелираат до возачите да не излегуваат на пат.











