Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стотици системи против дронови за Украина да се одбрани од руски напади

/

пред 392 дена

Сподели преку :

Украина наскоро ќе почне да користи стотици системи против дронови како одговор на масовните напади со дронови од страна на Русија, изјави украинскиот министер за одбрана Денис Шмихал, јави ДПА.

Зборувајќи на заедничка прес-конференција со својот полски колега Владислав Кошињак-Камиш во Киев, Шмихал рече дека кога Русија ќе лансира до 800 дронови во една ноќ, како што правеше во минатото, Украина ќе мора да одговори со не помалку од 1.000 дронови-пресретнувачи.

Тој истакна дека Украина ќе го достигне ова ниво, но призна дека не може точно да каже кога ќе може да користи таков број дронови. Шмихал нагласи дека главниот предизвик не е производствениот капацитет, туку контролирањето на дроновите-пресретнувачи од земја.