Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Прашуваат дали има стручен кадар – странските инвеститори сè помалку ги интересира земјата, субвенциите или сите поволности

/

пред 592 дена

Сподели преку :

Странските инвеститори кои преговараат со Владата за нови инвестиции во ТИР зоните во земјава веќе не прашуваат за финансиските бенефиции кои ќе ги имаат, туку дали регионот во кој сакаат да отвoрат фабрика има доволно стручен кадар. За да се задоволат потребите на стопанството потребно е да се креираат нови стручни профили во училиштата, но и да се доедуцицира кадарот, кој веќе работи.

Штипската ТИР зона е една од најголемите во државата. Бизнис секторот, раководството и наставниците од штипското електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“, министерството за образование и наука и локалната власт седнаа на заедничка маса, за да го подобрат дуалното образование, со кое средношколците, по завршување на образованието, веднаш ќе можат да влезат во процесот на производство. Фабриките во ТИР зоната од оваа година ги отвораат вратите за средношколците од ова стручно училиште.

Во тековната учебна година во прва година во средните стручни училишта се запишаа 74 проценти или две третини од средношколците, а во земјава има вкупно 62 дуални паралелки, односно учениците имаат теоретска, но и практична настава во фирмите.

Викторија Јованова