Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Странските туристи се враќаат во Македонија

/

пред 494 дена

Сподели преку :

Според последните податоци на Државниот завод за статистика странските туристи се враќаат во Македонија.

Во април 2025 година во Македонија престојувале 96.943 туристи, од кои 78,6% биле странски гости.

Вкупно биле остварени 171.886 ноќевања, од кои 73,5% се на странци.

Во првите четири месеци од годината, бројот на странски туристи пораснал за 21,6%, додека кај домашните туристи е забележано намалување од 4,2%.

Слично, ноќевањата на странци пораснале за 19,8%, а домашните паднале за 4,7%.

Според податоците најмногу туристи земјава ја посетиле од Турција, Германија, Србија и Франција.

Македонија вложува во инфраструктура и авио линии, додека приватниот сектор е клучен за да го искористи зголемениот интерес и да ја претвори туристичката посета во економски раст.