Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стратегијата за проширување на ЕУ ставена на гласање

/

пред 250 дена

Сподели преку :

Членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент денеска треба да се изјасни по Извештајот за Стратегијата за проширување на ЕУ на литванскиот либерален европратеник Петрас Ауштревичиус.

Овој Извештај дава оценка на соодветноста и релевантноста на моменталната политичка позиција на ЕУ за проширувањето и методологијата што ја применува Комисијата, проценувајќи го целокупниот напредок во подготовките за пристапување и преговорите за да се поттикнат неповратните реформи.

Во продолжение членовите на АФЕТ ќе имаат размена на мислења со кипарскиот министер за надворешни работи Константинос Комбос и со кипарската заменичка-министерка за европски прашања Марилена Рауна за приоритетите на кипарското претседателство со Советот на Европската Унија.

Во попладневното продоложение на седницата на членовите на АФЕТ ќе им се приклучат нивните колеги од Комитетот за развој (ДЕВЕ) на дебатата „Воспоставување на глобална Европа“ заедно со еврокомесарите за Медитеранот, Дубравка Шуица, за проширување Марта Кос, за меѓународни партнерства Јозеф Сикела и за еднаквост, подготвеност и справување со кризи Хаџа Лахиб.

По ова европратениците од двата комитети ќе имаат размена на мислења со амбасадорот на САД при ЕУ, Ендрју Пуздер.