Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стратешки дијалог Македонија – САД во Вашингтон

/

пред 182 дена

Сподели преку :

По пауза од четири години, денеска во Вашингтон се одржува втората сесија од Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД.

Владината делегација ја предводи министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, а во составот се и повеќе министри од земјава.

Дијалогот претставува важна платформа за продлабочување на билатералната соработка, со фокус на одбраната, безбедноста, сајбер-сигурноста, економијата, трговијата и енергетиката. Целта е зајакнување на партнерството и координацијата во справување со заеднички предизвици, вклучително и транснационалните закани.

Од Владата посочуваат дека со оваа сесија се потврдува континуитетот на сојузништвото меѓу двете земји и заедничката посветеност кон стабилноста и просперитетот. Се очекува разговорите да донесат конкретни резултати и придобивки за граѓаните.