Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Струјата поевтини во првиот, поскапе во третиот блок, евтината тарифа останува иста

/

пред 1021 дена

Сподели преку :

Цената на електричната енергија за домаќинствата поевтинува, но сaмо во првиот блок – за 5,16 проценти. Во вториот тарифен блок останува иста, а иста останува и цената за евтината тарифа од 1 јануари 2024. Третиот блок поскапува за 2,88 отсто, а оној четвртиот за „нештедачите“ исто така ќе биде повисок за 1,86 проценти.

Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимовски, рече дека со новата наплата на надоместок од 200 денари, која повеќе ќе ја осетат оние со повеќе недвижнини, мрежарината поевтинува во просек за 23 отсто.

– Ако немаше нов концепт на пристап на мрежа, како нов начин за пресметување на електрична енергија, цената ќе се зголемеше во сите четири блока. Новиот концепт се темели на социјална правда, така што цената за мрежарина се намалува за речиси 23 проценти, рече Бислимовски.