Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Струмичанец е обвинет за брутален обид за убиство на сопругата

/

пред 325 дена

Сподели преку :

Основното јавно обвинителство Струмица поведе истрага против 48-годишен маж од селото Просениково, осомничен за обид за убиство на сопругата.

Инцидентот се случил на 26 ноември, кога тој, за време на семејно насилство, се обидел да и вбризга течност налик на пестицид со шприц, а нападот го слушнале нивните две малолетни деца кои се обиделе да ја заштитат мајката.

Според обвинителството, насилството продолжило и во бањата, каде осомничениот ја турнал жената во кадата и со нож и нанел посекотини во пределот на вратот, опасно блиску до каротидната артерија.

Роднини повикани од децата успеале да ја спасат жртвата и да го спречат нападот. Жената сведочела дека подолго време трпела физичко и психичко насилство, но не го пријавувала од страв.

Поради ризик од повторување на делото, влијание врз сведоците и можност за бегство, обвинителството побарало мерка притвор за осомничениот.

Т.Д.