Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Струмичанецот што ја избоде сопругата и се обиде да ја отруе ќе биде гонет за обид за убиство

/

пред 321 дена

Сподели преку :

Струмичанецот што ја избоде сопругата и се обиде да ја отруе ќе биде гонет за обид за убиство. Против 48 годишниот насилник од струмичко Просениково основното јавно обвинителство отвори истражна постапка за кривично дело убиство по член 123 став два точка два во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

Насилството се случило пред два дена во семејниот дом пред очите на нивните две малолетни деца. Осомничениот најпрво ја фатил за главата и со шприц сакал да ѝ вбризга течност во устата. Жената почнала да го турка и да вика. Малолетните деца влегле во собата и се обиделе да ѝ помогнат на мајката.

„Оштетената успеала да влезе во бањата но, осомничениот влегол по неа, ја турнал во кадата и ја притиснал со коленото, па со нож почнал да ја сече во близина на каротидната артерија. Децата повикале други роднини кои успеале да го оттргнат, се вели во соопштените на обвинителството.

Пред јавниот обвинител жебата сведочила дека насилството трае долг период, но од страв не го пријавила.

Поради реална опасност пд бегство и повторување на насилството или обид да го доврши делото, јавниот обвинител до судија на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор.

Сузана Мицева

Дигитална обработка: T.Д.