Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Струмичани не сакаат нов музеј на плоштадот, бараат да не се затвора просторот

/

пред 1597 дена

Сподели преку :

Градскиот плоштад да не се затвора и нагрдува со нови градби. Ова се најчестите реакции на презентацијата на предлогот за новиот Деталниот урбанистички план за центарот на Струмица кој предвидува и изградба на нов музеј. Реакциите беа генерално негативни . Според учесниците овој дел од градот треба да е слободен и да се збогатува со зеленило а не со бетонски градби.

Од одделението за урбанизам велат дека целта е да се дадат содржини што би ги задржале посетителите во централниот градски дел, но и збогатување на туристичката понуда.

Во непосредна близина на централното подрачје се предвидува и изградба на деловна зграда и катна гаража.

Сузана Мицева