Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Струмица 8 дена без вода

/

пред 756 дена

Сподели преку :

И министерството за животна средина се изјасни за ненадлежно за акумулацијата Турија. На прашањата на Телма дали ја следат состојбата со оваа брана, одговорија дека таа е одговорност на АД Водостопанство. Од Водостопанство, пак, потврдија дека се земени примероци од водата во Турија, но, немаат одговор зошто и досега не реагирале ако водата е видно заматена од кал. На денот на соопштувањето дека водата од струмичкиот водовод не смее да се пие, директорот на Струмичко поле свика прес конференција на која соопшти за огромен долг од струмички Комуналец кон АД Водостопанство, но квалитетот на водата не беше тема. Денес е осми ден како Струмица нема дозвола за користење на водата од водоводот. Директорот на Комуналец вели дека проблемот треба да го решаваат експертите од државата и да не се политизира.

На вчерашната седница на совет изгласано е од први октомври цената на водата да биде намалена на ниво на техничка, односно 7.8 денари.

Во меѓувреме се чекаат и резултатите од инспекцискиот надзор на Државниот инспекторат за животна средина, кој вчера вршеше увид на брана Турија.

Сузана Мицева