Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Струмица го изгалса најголемиот буџет досега од околу 27,5 милиони евра

/

пред 284 дена

Сподели преку :

Општина Струмица го донесе буџетот за 2026 година. Изнесува околу 27, 5 милиони евра и ги опфаќа средствата од основниот буџет, блок дотациите, донациите и самофинансирачките активности.

Според градоначалникот Јанков ова е развоен буџет и голем дел од средствата ќе се одлеат за капитални инвестиции. Сепак, приоритет даваат на раздолжувањето на јавните општински претпријатија, кои според него се во значителни долгови и лоша финасиска кондиција.

Да, долговите што ги наследивме, знае и јавноста, станува збор за солидни суми. Ќе работиме на тоа да се намалат во текот на 2026 година, но ќе треба време за сето тоа да се санира и да дојдеме на позитивна нула.

Но, со активна работа, со намалување на непродуктивните трошоци тоа е изводливо во периодот што доаѓа и масимално ќе бидеме посветени на тоа“, вели Петар Јанков, градоначалник на Општина Струмица.

Во новиот буџет се планирани нови но и продолжување на некои започнати проекти како продолжување на фазите за изградба на нов градски пазар, односно инфраструктурните решенија како изградба на паркинг и сервисна улица.

Еден од поголемите капитални проекти со 97 милиони денари е довршување на каналот Крушевска Република од кружниот тек до Климент Охрдиски, целосно покривање на каналот, изградба на прочистителна станица во населено место Банско. За сите овие проекти е почната јавната набавка и трае“, вели Јанков.

Општинскиот буџет е изгласан со мнозинство гласови, 14 за, еден против и осум воздржани.

Сузана Мицева

Б.С.