Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Студенти на протест пред Собранието против измените на Законот за студентски оброк

/

пред 1420 дена

Сподели преку :

Револтирани, од како што велат обидот на власт по брза постапка да ги протурка Измените на законот за субвенциониран студентски оброк, а под притисокот на јавноста да се повлечат, студенти од Скопје и од други градови од внатрешноста попладнево одржаа протест пред Собранието. Со свиркање, транспаренти и покажување на скромниот оброк што го добиваат во домовите, ги алармираа пратениците за лошиот стандард и за законските измени кои оневозможуваат за оброк да се пријават апсолвентите, студентите кои добиваат стипендии и оние кои потекнуваа од семејства со месечен приход над минималната плата.

„Изразувам огромно жалење за тоа што сакаа да донесат спорен закон, со кој мерката субвенциониран студентски оброк сакаат да ја укинат. Доста е со газење врз македонскиот студент. Со самиот факт што имавте таков предлог ние бевме деградирани и понижени“, вели Умер Михамеди, постдипломец на Правниот факултет при УКИМ.

Протестот го организираше движењето „Студентски отпор“. Тие бараат зголемување на субвенционираниот оброк од 120 на 150 денари, дневно. Изземање на студентите од антикризните мерки, за да не се штеди на нивен грб. Изедначување на стипендиите и да не се приватизираат студентските домови. На попладневната средба во Собранието, за ново законско решение, со пратениците и министерот за образование, од „Студентски отпор“, најавија дека ќе ги покажат и овие фотографии од студентскиот дом „Стив Наумов“.

„Го сметаме за еден од покруцијалните услови, а тоа е комплетна санација на студентските домови бидејќи условите се катастрофални и нечовечки“, истакна Јован Јанев од движењето „Студентски отпор“.

Од Студентското собрание при УКИМ најавија дека на средбата ќе бараат апсолвентите и студентите со стипендии и понатаму да имаат право на оброк .

„Да бидат земени предвид само барањата на студентите со тоа што би сакале да направиме опција за преодна одредба од 2024 година веројатно, секој редовен студент да биде корисник на студентски оброк. Да не бидат земени предвид бројот на положени предмети и освоени кредити“, нагласи Славчо Темелковски, претседател на Студентско собрание при УКИМ.

Средбата во Собранието и протестот траеја речиси паралелно, а студентите повикаа протестот да продилжи и утре и да се приклучат средношколците.

Сотир Трајков