Неколку стотици демонстранти остануваат пред зградата на РТС, продолжувајќи ја блокадата на јавниот сервис на Србија. Тензиите во земјата се зголемуваат во пресрет на големиот митинг во сабота кој е најавен како завршен на повеќемесечните антивладини демонстрации.
Блокадата на РТС започна во понеделникот, околу 22 часот и, според најавите, ќе трае најмалку 22 часа. Вчеравечер дојде и до краткотрајна интервенција на полицијата, откако дел од насобраните се обидоа да постават метални безбедносни огради пред еден од влезовите на РТС.
Најмалку еден полицаец се здоби со повреди во турканиците, а претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ ги повика демонстрантите да се воздржат од насилство.
Студентите стојат зад, речиси, секојдневните протести низ земјата кои почнаа по уривање на бетонската натстрешница на железничката станица во Нови Сад, пришто загинаа 15 луѓе.











