Додека студентите во блокадата со месеци ги блокираат факултетите и организираат протести, друга група млади луѓе кои себеси се нарекуваат „Студенти 2.0“ со денови кампуваат во Пионерскиот парк во центарот на Белград.
Тие имаат други барања од надлежните – наставата на универзитетите да започне најдоцна до 17 март.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ вчера ја прими нивната делегација и ги замоли во сабота да го напуштат паркот Пионирски, а следниот ден да се вратат.
Неофицијалната локација на протестот на 15 март е платото пред Собранието на Србија, каде што се наоѓа Пионерскиот парк.
Доколку ја прифатите оваа понуда, бескрајно ви благодарам, а ако не, ќе ги заштитиме сите, истакнал Вучиќ.
Тој претходно, пред студентскиот протест на 15 март, рече дека властите „ќе свират крај“ за протестите, доколку демонстрантите посегнат по насилство“.
Државата е силен и организиран систем кој ќе обезбеди стабилен јавен ред и мир, уставен поредок и државни институции“, порача и министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ.
Тој рече дека „секој има право на мирно собирање и дека никој нема право да ги напаѓа оние што мислат поинаку и дека полицијата е подготвена да даде свој придонес за сето ова“.











