Студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје се соочува со сериозни проблеми.
Дел од студентите кои се сместени во овој студентски дом во рекација до Мета велат дека условите за живот во него се под сите критериуми.
Се жалат на немање топла вода, нефункционални лифтови, лоша хигиена и низок квалитет на храната.
Домот е без директор веќе еден месец, откако претходниот поднесе оставка, што ја отежнува администрацијата и решавањето на проблемите.
Студентите бараат итно назначување на нов в.д. директор и подобрување на условите за живот.
Овие околности не влијаат само на академскиот успех, туку и на психолошкото здравје, зголемувајќи го чувството на немоќ и занемареност кај студентите.
Министерството за образование најави дека новиот в.д. директор ќе биде назначен оваа недела.











