Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Судењето против експретседатлеката на ДКСК Татјана Димитровска повторно одложено – следното рочиште е закажано за 18 февруари

/

пред 273 дена

Сподели преку :

Судењето против поранешната претседателка на Антикорупциската комисија, Татјана Димитровска повторно беше одложено, затоа што се уште се чека одлука од скопска Апелација по жалба на обвинета.

Уште на правото рочиште на 30ти септември адвокатка на Билјана Петровска-Мантева  ја оспори надежноста на одделот за организиран криминал, судијата го одби приговорот а таа најави  жалба до повиокиот суд, кој се уште не се произнел.

Димитровска е обвинета за две кривични дела – оддавање службена тајна на поранешниот директор на ТЕЦ „Неготино, Небојша Стојановиќ, обвинет во предметот „Адитив“, како и за компјутерски фалсификат, односно дека ревизорот Миле Столевски во нејзино име го полагал тестот за добивање сертификат “државна тајна”.

Одбраната на  Димитровска, тврди дека информациите што таа ги споделила не претставуваат службена тајна, туку се јавно достапни податоци.

Покрај Димитровска, на обвинителна клупа се и ревизорот Столевски и Билјана Петровска-Мантева.

Следното рочиште е закажано за 18 февруари.

Б.С.