Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Судиите во Македонија со иста норма на предмети освен што ќе мора да решат најмалку 20 наместо 15 кривични жалби, изгласа судски совет

/

пред 913 дена

Сподели преку :

На основите судови им останува истиот обем на работа, предлогот за намалување на сработени предмети за 2024-та кај Апелација и Управен не помина во судски совет. Судиите се ретчат со пензионирање, обуката и зборот на нови оди бавно, но тоа не е изговор да се намали ефикасноста на работата на судиите.

Членовите на Судски совет не само што не се согласија да се намалуваат бројот на ориентационите норми, туку кренаа рака и за зголемување на бројот на предмети кои еден судија треба да ги реши во кривичната материја.

Предлогот дојде од членот Антоанета Димовска, која го убеди советот дека е неспоредливо решвањето на предмети во првостепните судови наспроти жалбените постапки во повисоките судови. Токму, кај овие судови пред кои и со месеци беа кочени или заборавени предмети, осудени лица дочекаа слобода.

Претседателот на комсијата која го изработи извештајот констатирала дека нормите во одредени области на кривичната и Граѓанската материја одамна се отфрлени, а нормите останале.

Нормите за задолжително решени предмети треба да се отфрли во идните законски измени, констрираа дел од членовите на советот, со аргументи дека судството не е математика, а дополнителен товар за судиите е отсуството на стручна служба.

Павле Беловски