Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Судијата Садула Изаири изберан за нов член на Судскиот совет

/

пред 247 дена

Сподели преку :

Судијата Садула Изаири од судот во Тетово освои најмногу гласови на непосредни избори за член на Судскиот совет од редот на судиите припадници на етничките заедници кои се над 20 отсто во државата. За Изаири гласале 179 судии од вкупно 390 кои денеска го искористиле правото на глас.

  • Вкупно гласачи кои се запишани во Изборниот именик се 418 од кои вкупно гласале 390 гласачи, односно 93% од гласачите. Неважечки гласачки ливчиња вкупно има 12, изјави Осман Шабани, Претседател на Комисија за спроведување на избори.

Изаири за судија е избран пред 18 години, право студирал во Приштина, а правосуден испит полагал на Универзитетот Св Кирил и Методиј во Скопје.

Изборот за член на Судски совет следи по истекот на шестгодишниот мандат на Ханиф Зендели. Претходно во советот по предлог на претседателката на државата влегоа Сузана Јошевска-Атанасовска и Арлинда Кадри-Шахиновиќ.