Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Судијка од Велес заработи обвинение за фалсификување документи

/

пред 647 дена

Сподели преку :

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против судијка од Основниот суд во Велес и двајца сопружници, сопственици на синџир аптеки.

Се сомничат за фалсификување службена исправа и истата ја употребиле во своја корист.

Судијката, која беше разрешена од функцијата, се товари за заверување на пресуда со невистинити податоци, додека сопружниците ја употребиле таа исправа за да извршат промени во имотни листови во корист на нивната компанија, нанесувајќи имотна штета на третата страна.

За да ги прикрие сите противправни дејствија во предметите, обвинетата судијка свесно ги уништила службените документи – повратници и не ги споила сите документи во списите на предметот.

Со лажно прикажување факти од судските постапки тие нанеле значителна имотна штета на спротивната страна, а за себе прибавиле значителна имотна корист.

Парничните трошоци за постапката ги наплатиле преку извршител, иако знаеле дека барањето за извршување им е засновано на исправа со невистинита содржина.