Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Судот сериозно да ја сфати состојбата со МНАВ – порака од Петровска која бара преиспитување

/

пред 1013 дена

Сподели преку :

Сериозно да ја сфатат состојбата и да си ја преиспитаат одлуката. Со овој одговор, министерката за одбрана Славјанка Петровска го искоментира судското објаснување зошто не ги прифатила барањето за притвор во рамки на истрагата за упадот на групата на Беким Незири во М-НАВ. Без разлика на мотивите на инцидентот, судот мора да знае дека кулата на контролата на летање е критична и важна инфраструктура, каде контролорите мора да внимаваат на животите на оние што патуваат со авиони.

Евроамбасадорот Дејвид Гир порача дека во јавните служби треба да се вработуваат професионалци и да се преземат мерки против партизација. Контролата на летање треба да биде независна од партиите и да работи согласно ЕУ директивите, а инцидентот да се расчисти, беше пораката на Гир, кој поради дипломатскиот мандат не смее и нема навика да коментира судски одлуки.

Петровска потврди дека имало и јавувања од НАТО бидејќи, скопскиот аеродром се користи и од Алијансата чија членка е државата.

Таа оцени дека владата со разрешувањето ја завршила работата, а сега останува на другите институции да се справат со состојбата предизвикана во МНАВ.

Миомир Серафиновиќ