Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Судскo рочиште за екс претседателката на ДКСК Димотровска

/

пред 376 дена

Сподели преку :

Денеска треба да се одржи рочиште на кое ќе и се суди на екс претседателката на ДКСК Татјана Димотровска откако на претходното беше одлучено да не и се суди заедно со Небојша Стојановиќ и останатите обвинети во предметот „Адитив“. Претходно судечкиот совет го одби предлогот на обвинителството за спојување на постапките, оценувајќи дека поврзаноста меѓу дејствијата не е доволна, а спојувањето би довело до одолговлекување на судењето со оглед на бројот на обвинети. Одбраната на Димитровска тврди дека во нејзиниот случај нема кривично дело и ја поздрави одлуката на судот, нагласувајќи дека дејствијата што ѝ се ставаат на товар немаат никаква врска со главниот предмет. Посочи дека од Антикорупциска добиле потврда дека информациите кои наводно ги оддала не се службена тајна… Дополнително, за обвинението за „компјутерски фалсификат“, нејзиниот адвокатот изјави дека нема елементи на кривично дело бидејќи се работи за тест кој не е формално задолжителен за добивање на сертификат за државна тајна. Обвинителството останува на ставот дека има докази за кривично гонење, но своите аргументи ќе ги презентира во судница.