Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Судскиот совет денеска ќе одлучува како ќе работи до завршување на изборите

/

пред 402 дена

Сподели преку :

Судскиот совет денеска ќе ја одржи својата 528. седница, на која ќе се разгледува начинот на постапување и функционирање на Советот во периодот до завршување на Локалните избори.

Претседателот на Советот, Александар Камбовски, најави дека ќе се донесе одлука дали Советот целосно ќе ја паузира својата работа или ќе продолжи со одредени фази од постапките, исклучувајќи ги изборите за судии до завршување на изборниот процес.

Целта, според Камбовски, е да се избегнат можни политички интерпретации на одлуките на Советот за време на изборниот период.

Советот, исто така, планира во овој период да се фокусира на внатрешни реформи, вклучително и измени на правилникот за оценување на судиите и постапката за номинирање судија за Уставниот суд.

На дневен ред се и тримесечните извештаи за работата на судовите (април–јуни 2025) и расправа по претставки и поплаки од граѓани и правни лица.