Денеска во САД е „Супер вторник“, најважниот ден пред претседателските избори во ноември, на кој партиските делегати на републиканците и демократите ќе гласаат во 15 сојузни држави и една територија надвор од САД. Од Алјаска и Калифорнија до Вирџинија и Вермонт, актуелниот американски претседател Џозеф Бајден и неговиот претходник Доналд Трамп ќе ги соочат силите на внатрешните партиски избори.
Републиканскиот кандидат може да освои 854 од вкупно 2.429 делегати, додека демократот можат да освои 1.420, што е исто така повеќе од една третина од делегатите. Се предвидува дека Трамп би можел да ја обезбеди номинацијата до 12 март, а Бајден до 19 март.
„Голем чекор кон обединување“ вака ја оцени Доналд Трамп одлуката на Врховниот суд, кој едногласно го врати на прелиминарните претседателски ливчиња за 2024 година, иако тој, поради немирите во Капитол Хил, беше соочен со забрана.
- Во суштина, не можете некого да исфрлите од трка затоа што противникот би сакал да биде така и тоа нема врска со фактот дека тој е водечки кандидат, без разлика дали тоа е водечки кандидат или кандидат кој бил долу на тотемскиот столб, не можете никого да исфрлите од трка. Гласачите можат многу брзо да исфрлат некого од трката, но судот не треба да го прави тоа. И Врховниот суд тоа го согледа многу добро, рече Доналд Трамп, републикански кандидат за претседател на САД.
Неговата републиканска ривалка, поранешната амбасадорка во ОН, Ники Хејли, „се мачи“ да остане во чекор, со доверба од 43 делегати.
- Храброста за мене да се кандидирам, храброста секој од вас да знае. Не жалете што ќе се случи на општите избори ако не учествувате на овие прелиминарни избори. Важно е. Важно е. Можеме подобро од двајца 80-годишни кандидати за претседател, рече Ники Хејли, републикански кандидат за претседател на САД.
Првата дама на САД, сопругата на Џо Бајден од Висконсин порака дека е горда што нејзиниот сопруг во срцето на својата агенда ги ствава жените..
- Доналд Трамп е опасен за жените и за нашите семејства. Едноставно не можеме да му дозволиме да победи. Не можеме да се разбудиме тој ден по изборите како во 2016 година. Преплашени од иднината пред нас, размислувајќи, о Боже, што се случи? Што ќе правиме сега? Па, ќе ви кажам што ќе правиме – Мораме повторно да ги избереме Џо Бајден и Камала Харис, рече Џил Бајден, прва дама на САД.
Според најавите, Републиканците можат побрзо да го соберат потребниот број на делегати бидејќи го имаат принципот дека тој што ќе освои најмногу гласови во една држава ги добива сите делегати, додека демократите ги распределуваат делегатите по пропорционален систем.
Билјана Ставрова











