Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Суровата нафта Брент достигна цена близу 105 долари за барел

/

пред 202 дена

Сподели преку :

Суровата нафта Брент денеска достигна цена од речиси 105 долари за барел, што е пораст од повеќе од 40 отсто од почетокот на војната во Иран.

Цената на барел Брент, кој важи за меѓународен стандард, порасна за 1,6 отсто и денеска изнесува 104,73 долари, пренесуваат светските агенции.

Американската референтна сурова нафта порасна за еден отсто на 99,68 долари за барел, што претставува пораст од речиси 50 отсто од почетокот на војната. Во петокот, загубите на Волстрит се продлабочија, бидејќи војната повторно ги подигна цените над 100 долари за барел, засилувајќи го инфлаторниот притисок врз глобалната економија.

Според податоците на независната истражувачка фирма „Rystad Energy“. За нешто повеќе од една недела од затворањето на Ормускиот теснец, повеќе од 12 милиони барели нафтен еквивалент дневно се исклучени од употреба.