Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сушата го наплаќа данокот, мелничарите плаќаат денар повеќе, а земјоделците се надеваат дека ќе ги покиријат штетите од намалените приноси

/

пред 407 дена

Сподели преку :

Сушата на Балканот, но и откупот на пченицата за стоковните резерви ја зголеми цената на лебното зрно за еден денар.

Веќе една недела е откупот на пченицата, а Гоце Сарафимов потпретседател на Асоцијација на земјоделци вели дека на терен одредени млинови почнале да ја откупуваат пченицата по 13 денари, колку што изнесува и цената за откуп за стоковните резерви.

Пченицата за првпат се откупува  за стоковните резерви од индивидуалните земјоделци, кои можат да предадат од 5 до 30 тони.

Сарафимов вели дека очекува наредната година откупот на пченицата да биде порано, какошто им ветиле од ресорното министерство. Смета дека со ова ќе бидат и подобри цените за откуп на житните култури.

Под пченица годинава била засеани 70.000 хектари, а проценките дека се  произведени од  280.000 до 300.000 тони пченица, со што ќе се задоволат домашните потреби.

Викторија Димитрова Јованова