Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сведочење на камионџија – Мито ми бараа 37 цариници, а уапсија само 15

/

пред 740 дена

Сподели преку :

Камионџија, кого, како што вели, цариниците го одрале од мито, вели дека само нему лично пари му барале двојно повеќе цариници од оние кои беа уапсени пред неколку дена. Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција на 15 октомври уапси 14 цариници, еден пензиониран цариник и еден полицаец од граничните премини Ново Село и Дојран.

Инсистирајќи на анонимност поради страв од последици, вели дека има докази дека мито му барале 37 цариници, а биле уапсени двојно помалку. Тој ги снимил цариниците како му бараат мито, но обвинителството не ги прифатило како доказ, затоа што се неовластено снимени.

Во декември минатата година пријавил во обвинителството, прифатил да постават камери во неговото возило и да го озвучат за да може да ги фатат митаџиите, но учествувал само во една таква акција. Сакав да поминам 10 пати за да снимам различни луѓе како ми бараат мито за да ги фатиме сите. Се откажал, но не бил единствен кому цариниците му барале пари. Обвинителството ја продолжило акцијата без него, и на 15 октомври уапси 16 луѓе.

  • „Во текот на акцијата беа извршени претреси на 26 локации во Струмичко-гевгелискиот регион и при тоа се лишени од слобода 14 царински службеници од Царинската управа на РСМ, еден пензиониран царински службеник и еден полициски службеник. Со оглед дека во текот на предистрагата беа спроведени посебни истражни мерки, при претресите беа пронајдени паричните средства што биле примени како поткуп, во вкупен износ од 50.000 евра“, соопшти обвинителството.

Човекот кој пријавил има транспортна фирма регистрирана во Бугарија, која има пет шлепери и четири автомобили, кои најголем дел од годината се во Холандија, зашто таму најчесто вози. Се жали дека секогаш кога се враќал од Холандија за да ги регистрира во Бугарија, во Македонија му правеле проблем. Ја поминувам цела Европа, а само на излез од Македонија за во Бугарија бараат пари, кога 50, кога 100, кога 200 евра.

Ме одраа од давање пари во изминатите неколку години, вели тој, па во декември минатата година одлучил веќе да не дава, но тогаш почнале неговите проблеми. На шлеперите не им правеле проблем да влезат во Македонија, преку граничниот премин Ново Село, но не го пуштале да влезе во земјава со автомобилите регистрирани на неговите бугарска фирма, кои ги управувал со полномошно.

Ме малтретираа, раскажува вознемирениот камионџија. На Ново Село не ме пуштаа да влезам, па морав да кружам стотици километри, да се вратам назад, па преку Бугарија да влезам во Грција, па во Македонија да влезам преку Гевгелија, каде што не ми правеа проблеми. Како може да не те пуштат преку Ново Село, а да те пуштат преку Гевгелија, прашува тој. Нема каде не се пожалил. Се јавувал и во утринската програма на Телма.

Но, тоа не било крај на малтретирањето. Се сомнева дека цариниците, кои биле лути зашто прекинал да им дава мито, го искористиле своето влијание преку колеги, па полицијата во Штип му запленила едно од бугарските возила, и покрај тоа што има право да го вози во Македонија до шест месеци. Судскиот процес на кој бара да му го вратат се одолговлечил. Се жали дека му се прекршуваат основните права на слобода на движење.

Срѓан Стојанчов