Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео) Сведочење на преживеан во несреќата во Грција: Имаше директен судар, летаа парчиња челик, луѓето беа исплашени

/

пред 1330 дена

Сподели преку :

Возовите се целосно уништени, и патничките и товарните. Патничкиот воз се движеше со околу 160км/ч и имаше директен судар. Луѓето беа многу исплашени, не знаеја каде се, вели преживеаниот Василис Полизос.

Најмалку 32 лица го загубија животот, а 85 се повредени во железничката несреќа што се случи доцна синоќа пред полноќ во близина на месноста Темпи кај грчкиот град Лариса, кога од засега непознати причини се судрија товарен и патнички воз.

Еден преживеан тинејџер, кој не го кажа своето име, пред грчките новинари рече дека додека се симнувале од еден од вагоните непосредно пред несреќата почувствувал силно сопирање и видел искри.

„Нашиот вагон не излета од шините, но оние од предниот дел излетаа и беа искршени“, рече тој, видно потресен.

Тој додаде дека првиот вагон се запалил и дека со ташна го скршил прозорецот на неговиот вагон кој бил четврти по ред и избегал.

Железничкиот оператор Hellenic Train соопшти дека во патничкиот воз од Атина до Солун, вториот по големина град во Грција, имало околу 350 патници.

Во коментарите за државната телевизија, Костас Агорастос, регионалниот гувернер на областа Тесалија, го опиша судирот како „многу силен“ и рече дека тоа било „ужасна ноќ“.

„Предниот дел од возот беше уништен. Пристигнаа кранови со специјална опрема за подигање и расчистување на остатоците од вагони. Има остатоци расфрлени насекаде околу местото на несреќата“.

Официјални лица рекоа дека армијата била контактирана за помош.

Hellenic Train е управуван од италијанската FS Group, која ги води железнички услуги во неколку европски земји.