Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

14 деца убиени во напад на училиште во Тексас

/

пред 1594 дена

Сподели преку :

14 ученици и еден наставник се убиени во основното училиште Роб во градчето Увалде во јужен Тексас.

Вооружен напаѓач влегол во училиштето каде ги застрелал жртвите, а локалната полиција соопшти дека станува збор за 18-годишен напаѓач кој исто така е застрелан и починал. Властите го идентификуваа како Салвадор Рамос.

Децата се обидувале да се спасат,  прескокнувале од прозорци или се спуштале по надворешните ѕидови.

Покрај загинатите, уште десетици деца се повредени, а една жена е во критична состојба. Во престрелката со убиецот ранети се двајца полицајци.

Полицијата го обезбедува местото на кое напаѓачот пристигнал со автомобил.

Увалде се наоѓа на југот на Тексас на околу 130 километри од Сан Антонио. Околу 80 проценти од  над 15.000 жители на Увалде припаѓаат на латино заедницата.

Во нападнатото училиште учат деца од 3-то и 4-то одделение. Распустот требало да започне за два дена во четврток.