Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

30-годишна жена од Македонија загина во сообраќајна несреќа во Грција

/

пред 849 дена

Сподели преку :

(ФОТО ПРИНТСКРИН) Жена од Македонија загина во тешка сообраќајна несреќа во Грција која се случила во близина на градот Нисели на автопатот кој од Солун води кон Верија и Игуменица во западна Грција.

Според грчките медиуми настрадана е 30-годишна жена од Скопје додека уште три жени кои биле со загинатата во автомобилот се тешко повредени. Една од повредените Македонки била интубирана и пренесена во болница во Солун од грчката спасувачка служба. Сериозни повреди има и жена на 27-годишна возраст која е на операција во болницата во градот Верија.

Уште есно лице, маж на 74 години е повреден во несреќата во која загина туристка од Македонија. Во несреќата се судриле три возила.

Најоштетено и целосно згмечено од задната страна е автомобилот пд Македонија. На снимките кои ги објавија грчките медиуми се гледа дека загинатата и повредените биле извлекувани со помош на пожарникари кои користеле соодветна опрема и го сечеле автомобилот.

Грчката полиција врши увид.

Цистерна се извртела на автопатот Градско – Велес