Руските ракети кои систематски ги уништуваат енергетската и комуналната инфраструктура на украинските градови се главна причина за огромната хаварија во Киев.
Откако утрово беше погодена електричната постројка во Киев, над 370 илјади семејства во главниот украински град се без струја.
Ројтерс објави дека поради недостиг на струја речиси не функционира водоводната мрежа во Киев.
Околу 80 % од градот нема вода, објави градоначалникот Кличко и ги повика граѓаните да се снабдат со вода од уличните чешми и од трговските продавници додека службите се ободуваат да ги отстранат дефектите.











