Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Абортус и инфлација- главни теми за клучните битки меѓу демократите и републиканците на изборите за Конгресот, извештај на Гласот на Америка

/

пред 1434 дена

Сподели преку :

Следната седмица ќе биде познато кој ќе има мнозинство  во Конгресот на САД, кога американските гласачи ќе изберат нови претставници во Претставничкиот дом и Сенатот.

Клучните делумни конгресни избори во 2022-ра во САД се за нешто повеќе од една недела. Изборите на 8 ноември ќе одредат дали демократите ќе го задржат своето мнозинство или дали републиканците ќе ја преземат власта во Претставничкиот дом и Сенатот. Неколку домашни прашања – вклучително и иднината на репродуктивните права – се важни за многу гласачи.

Во поголемиот дел од САД во тек е предвремено гласање. Минатата седмица, Џо Бајден со внуката Натали гласаа во родната сојузна држава на претседателот, Делавер. Повеќето држави се сметаат за безбедни за актуелните функционери, оставајќи само неколку вистински „неодредени држави“ кои ќе ја одредат рамнотежата на силите во Вашингтон.

Републиканците против женско право на абортус, но во минатото некои плаќале за тоа

Џорџија е меѓу нив, каде што актуелниот демократски сенатор, пречесниот Рафаел Ворнок е во тесна трка со поранешната фудбалска ѕвезда Хершел Вокер. Како и на многу трки оваа година, пристапот до абортус е голем предизвик. На пример, две жени го обвинија Вокер дека им платил за абортус.

Во меѓувреме, Демократите стравуваат дека ја загубат Џорџија, бидејќи отворениот микрофон неодамна го фати лидерот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер како му укажува на претседателот Бајден дека партијата е во опасност да го загуби тоа сенатско место. Републиканските лидери се надеваат на мнозинство во Конгресот.

Но, како демократите ја насочуваат кампањата со оглед дека последните анкетите не одат во нивен прилог и може да го загубат мнозинството во Конгресот?

Демократите велат дека правото на пристап до абортус, на кое Републиканската партија во голема мера се спротивставува поради низа околности, ќе ги анимира гласачите да излезат и ќе помогне партијата.

„Абортусот е навистина голем предизвик но – кој треба да носи одлука: дали е тоа жената и нејзиниот лекар, или тоа ќе го прават политичари во Вашингтон“, истакна демократката Шери Бисли, која е во трка за сенатско место во Северна Каролина.

Цената на бензинот и инфлацијата влијаат врз изборните резултати

Историски гледано, партијата на актуелниот претседател губи десетина места во Претставничкиот дом и неколку места во Сенатот на половина од мандатот, доволно за да се промени рамнотежата на моќта во Вашингтон.

Сите 435 места во Претставничкиот дом се во трка за реизбор, оваа година. Во моментов, демократите имаат предност со осум места, Павле.

Историски, со многу малку исклучоци, по првите години од двата мандата на претседателот, неговата партија губи моќ. Граѓаните се гласни за неисполнети ветувања од кампањата. Луѓето се фрустрирани, и ако на тоа се додадат инфлацијата и лошите економски бројки, како и зголемените цени на бензинот, демократите имаат зголемен притисок.

Јане Бојаџиевски, VOA (Гласот на Америка)