Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

BBC: Русите не го почитуваат прекинот на огнот во Мариупол

/

пред 1692 дена

Сподели преку :

Британски BBC објави изјави на заменик градоначалникот на Мариупол Серхиј Орлов дека и покрај примирјето руските сили продолжуваат со бомбардирање на градот во близина на евакуациската линија за цивилите.

-Русите продолжуваат да не бомбардираат, користат артилерија. Ова е лудило. Нема прекин на огнот во Мариупол и нема прекин на огнот долж рутата за евакуација. Нашите цивили се подготвени за бегство, но не може да се извлечат додека трае гранатирање, изјавил Орлов за BBC.

Претходно беше договорено примирје за да може да се евакуираат околу 200.000 цивили од Мариупол кој е под опсада на руските воени сили и под постојан напад.

Примирје во Мариупол, 5 часа ќе има коридор за евакуација на 200.000 цивили