Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Британската полиција уапси хакер кој е осомничен за сајбер напади врз европски аеродроми

/

пред 385 дена

Сподели преку :

Четириесетгодишен маж е уапсен во Западен Сасекс под сомнение дека стои зад големиот сајбер напад кој ја наруши работата на десетина аеродроми низ Европа. Според британската Национална агенција за борба против криминалот, истрагата сè уште е во рана фаза.

Нападот, како што се додава, бил извршен со рансомвер, софтвер кој ги заклучува податоците и бара откуп за нивно отклучување. Мета на нападот била компанијата Колинс Аероспејс (Collins Aerospace), чиј софтвер го користат бројни аеродроми во Европа за пријава на патници и на багаж.

Иако уапсениот е пуштен со кауција, властите во Лондон не исклучуваат можност дека зад нападот стои мрежа на хакери поврзана со организирани меѓународни криминални групи.