Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Двајца ранети во судир на полицајци и навивачи во Хрватска

/

пред 1596 дена

Сподели преку :

(извор на ФОТО: index.hr)

Летаа чадни бомби и факели, навивачки групи нападнаа помалкубројни полицајци, полициското засилување употреби и оружје, двајца ранети, повеќе повредени, ова е билансот на големите навивачки нереди предизвикани од групата Торцида која го бодри Хајдук-Сплит.

Повеќе од 12 часа траеше прекинот на сообраќајот поради навивачко-полициските битки среде патот.

Над 1.600 навивачи на Хајдук иако заминале на дербито во Загреб (Динамо го победи Хајдук со 3:1) не сакале да влезат на стадионот затоа што полицајците и стадионското обезбедување не им дозволувало да внесат транспаренти и знамиња.

На враќањето кон Сплит во близина на градот Карловац, навивачките автобуси застанале среде автопатот и го блокирале сообраќајот.

-Почнаа да излегуваат од автобусите и се собраа, нагрнаа како мравки. Ги нападнаа полицајците, сведочел очевидец за Индекс.

-Пред нас се вооружуваа со шипки, некои имаа и заштитни панцири. Запалија факели. Имаше малку полицајци и тргнаа кон нив за да ги нападнат. Тука се е блокирано, има килоемтарски колони, тепачки насекаде, а во автомобили има блокирано и деца, рекол сведок на инцидентот за хрватскиот веб медиум, индекс.хр.

Навивачите успеале да стигнат до полицајците и да почнат физичка пресметка со помалубројните припадници на полициските сили кои го следеле и обезбедувале конвојот кон Сплит. Не можело веднаш да им стигне засилување од Загреб поради блокираниот автопат. На помош од спротивна страна стигнале полицајци од Карловац.

Полицајците употребиле и оружје, а според првичните информации има двајца ранети. Момче кое е рането во нога било оперирано во Карловац и е надвор од животна опасност, но според информациите на лекарите не учествувал во инцидентите туку бил застрелан со заскитан куршум.

Вториот ранет добил куршум во пределот на ребрата. Има и повредени во тепачките, а едно кафуле на автопатот било демолирано во инцидентите.

Полицајците успеале да совладаат и да уапсат десетици учесници во инцидентот. Беше споделена и фотографија од уапсените кои лежат покрај автопатот.