Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Двајца убиени и 8 повредени во оружен напад на Универзитетот Браун во САД

/

пред 304 дена

Сподели преку :

Двајца убиени и 8 повредени во пукањето на универзитетски кампус во САД, во државата Род Ајланд.

Непознат маж влегол во зградата на Техничкиот факултет и факултетот по физика и пукал во жртвите по што пеш избегал. Во тек е потера по убиецот.

Нападот се случил додека голем број студенти полагале завршни испити и зградата била полна.

Локалната полиција добо засилување и издаде наредба, локалните жители да не излегуваат надвор додека трае акцијата за пронаоѓање на убиецот.

Нападот се случил на Универзитетот Браун, елитна високообразовна институција која е дел од престижната Ivy League во која се најпознатите и најквалитени универзитети во САД.

Во САД има серија на вооружени напади во училишта и образовни институции и CNN објави дека оваа година имало 70-тина напади во кои над стотина луѓе се повредени.