Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕУ се наоѓа во критичен период во процесот на интеграции

/

пред 896 дена

Сподели преку :

Претседателот на Италија, Серџо Матарела денеска изјави дека Европската унија минува низ  невидено тежок период досега во својата историја. Тој денеска упати порака по повод – Денот на Европа, со кој се слави декларацијата на Роберт Шуман од 1950 година, благодарение на кој се  создаде Европската Унија.

,,Европската историја минува низ својот можеби најкритичен период од почетокот на процесот на интеграција. Безбедноста на нашиот континент е разнишана од конфликти кои не сме ги доживеале во последно време. Би било илузија да се прифатат кризите во регионот како изолирани жаришта, изјави шефот на италијанската држава.”

Тој  зборуваше и за изборите кои ќе се одржат следниот месец во Европскиот парламент. Објасни дека неколку недели ги дели граѓаните од 270-те земји членки од изборот на нов состав на Европски парламент. Посочи и дека изборите кои ќе се одржат, ќе спроведат демократска вежба за подобра иднина.

За крај тој додаде дека “Со учество во гласањето, ќе можеме да ја обликуваме владата на обединета Европска унија – мирна, динамична и способна да ги усогласи различните гледишта на луѓето врз основа на принципите на солидарност.”