Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Евровизија во Малме оваа година мета на скандали

/

пред 877 дена

Сподели преку :

Настапот на Израел несомнено е мета на скандал на овогодинешната Евровизија. Бројни реакции имаше од Белгија, која го прекина телевизиското емитување за време на перформансот на израелската претставничка.

Реакции имаше и од Холандија на прес-конференцијата, на која холандскиот претставник со марама на глава протестираше поради учеството на Израел на Евровизија.

Громогласни крици, визуелно колоритен екстремизам, наспроти бајковити и милозвучни звуци се само дел од атмосферата која владее на сцената на Евросонгот во Малме.

Македонија втора година по ред не настапува на Евровизија, поради недоволните финансиски средства, но и заради лошите постигнати резултати и освоени пласмани.

Главни “скандал” ѕвезди, Израел настапија без разлика на предизвиканата војната во Појасот Газа. За време на настапот, публиката имаше негативна реакција со пропратни извици на потсмев и негативни коментари.

Покрај Израел, еден од по скандалозните настапи кој го зеде здивот на публиката е  изведбата на претставничката на Ирска, која имаше пентаграм на сцена со безброј запалени свеќи наоколу, а кореографијата која ја изведе потсетува на вештерски ритуали.

На настапот на Израел на евровизија се спротивстави и активистката Грета Тунберг. Таа се приклучи на пропалестинските протести на улиците во Шведска, во знак на револт поради многуте човечки жртви кои загинаа во војната во Газа.

Tea Димковска