Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ФОТО) Немири на плоштадот во Истанбул се обележје за празникот Први мај

/

пред 904 дена

Сподели преку :

Полицијата во Истанбул уапси десетици кои се обидоа да стигнат до плоштадoт, однесувајќи се агресивно со полициските службеници, како бунт по повод Први мај, ден на трудот.

Полицијата подигна барикади и ги затвори сите правци кои водат до плоштадот Таксим. Јавниот превоз се прекина. Приведени се околу 30 членови на левичарската Народноослободителна партија, кои се обидоа да ги пробијат полициските бариерите.

Владата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган од неодамна го прогласи плоштадот ,,Таксим” место, каде се забранети собири и демонстрации поради безбедносни причини. Сепак и покрај забраната некои политички партии и синдикати ветија дека ќе маршираат на плоштадот, во чест работничките синдикати.

Да се потсетиме во 1977 година, неидентификувани вооружени лица отворија оган на прославата за Први мај на плоштадот во Истанбул, предизвикувајќи стампедо и убивајќи 34 луѓе, што претставува една од поголемите трагедии што ги има доживеано градот.