Францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за “Фигаро” рекол дека заедно со британскиот премиер Кеир Стармер предлагаат привремен прекин на огнот во Украина.
Макрон вели дека таквото примирје – барем првично- нема да може да ги опфати копнените борби, туку би било „во воздух и на море“.
Францускиот претседател навел дека најголем предизвик е контролата на примирјето на толку широк фронт меѓу завојуваните страни.
Мировни сили би можело да се распоредат подоцна, сугерира францускиот лидер и како што пренесува BBC, во интервјуто за “Фигаро”додава: „Нема да има европски трупи на украинска територија во наредните недели“.
Интервјуто е дадено по самитот во Лондон на кој учествуваа европските држави, Украина и Канада.
Претседателот на Украина Зеленски останува на ставот дека Украина нема да се откаже од територии и инсистира на безбедносни гаранции за да се одврати евентуален нов напад пд Русија во иднина.
Во интервју за BBC, на прашање дали е запознаен со планот кој го објави Макрон, за француско-британскиот предлог за едномесечно примирје и дали е согласен, Зеленски одговори: “Запознаен сум за се”.











