Грозоморно убиство се случи во Србија, во местото Тутин. Жртва е 28- годишниот Нусрет Дестановиќ, кој бил претепан до смрт од повеќе лица, меѓу кои и поранешниот сопруг на жена со која тој се среќавал. Дестановиќ отишол на средба , мислејќи со жената, а бил пречекан и убиен од лицата блиски до нејзиниот сопруг.
Жителите на Тутин се сомневаат дека и жената е вмешана и дека таа намерно го дала својот телефон, за Дестановиќ да мисли дека ќе се сретне со неа.
Телото на несреќното момче е пронајдено во бунарот во дворот кај осомничениот за убиство. Во меѓувреме, тој успеал да побегне во Германија, без никој да забележи деа нешто се случило.
Дестановиќ исчезнал во четвртокот и оттогаш за него траеше потрага. Смртоносниот удар бил нанесен во главата, по што веројатно сторителите го фрлиле во бунар во обид да го прикријат злосторството.
Во полициска акција припадниците на МВР во Нови Пазар уапсија три лица во врска со бруталното убиство на Дестановиќ. Меѓу уапсените е и Е.Џ. (18) од Сјеница, осомничен за тешко убиство во соизвршителство и Елвис Хрњак (40) од Нови Пазар, обвинет дека му помагал на сторителот по извршувањето на кривичното дело. Третото лице Ријалда Хачи (27) од Сјеница е приведено бидејќи не пријавило подготвување кривично дело. Додека Сеад Зеќовиќ е во бегство и недостапен за полициските власти.
По налог на Вишото обвинителство од Нови Пазар на уапсените им е одредено задржување од 48 часа и потоа со кривична пријава ќе бидат однесени пред надлежниот обвинител.











