Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ХАМАС ослободи уште две жени заложнички, кои беа киднапирани при нападот врз Израел

/

пред 1077 дена

Сподели преку :

Доцна вечерва на граничниот премин Рафах меѓу Газа и Израел се ослободени уште две жени кои беа во заложништво на ХАМАС по нападот на милитантната група врз Израел.

Информацијата ја потврдија и претставници на Меѓународниот Комитет како и роднини на заложничките.

Станува збор за две постари државјанки на Израел, 85-годишната Јошевед Лишфиц и 79-годишната Нурит Купер.

Двете жени имале потреба од медицинска нега, а во преговорите за ослободување учествувале претставници на Катар и Египет. По ослободувањето веднаш им е пружена помош во амбулантни возила на преминот Рафах.

Според последните податоци во Газа има 222 заложници кои од Израел се однесени во Појасот по нападот на ХАМАС. Претходно беа ослободени уште две жени, мајка и ќерка кои имале и американско државјанство.

Уште 20 камиони со хуманитарна помош влегоа во Газа, но достава на гориво повторно не беше дозволена