Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израел и Хамас постигнаа договор за првата фаза за прекин на огнот во Газа

/

пред 367 дена

Сподели преку :

Израел и Хамас постигнаа договор за првата фаза за прекин на огнот во Газа, со што се најавува крај на крвавата војна што трае веќе две години и однесе над 67.000 животи… Американскиот претседател Доналд Трамп го објави договорот доцна синоќа, нагласувајќи дека „сите заложници ќе бидат ослободени наскоро“, а израелската војска ќе се повлече на договорена линија… Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека денеска ќе го свика парламентот за официјално одобрување на договорот… Хамас потврди дека постигнал договор со Израел за прекин на огнот, кој вклучува размена на заложници и затвореници, како и повлекување на израелските трупи од Појасот Газа… Според извори од Хамас, живите заложници треба да бидат ослободени во рок од 72 часа по одобрување на договорот од израелската влада… Сепак, нејасни остануваат деталите за идната управа на Газа, како и прашањето за разоружување на Хамас… Меѓународната заедница го поздрави договорот, додека ОН побараа итен хуманитарен пристап до Газа… Дел од арапските земји порачаа дека овој договор мора да води кон создавање на независна палестинска држава, што Израел засега го одбива… И покрај надежите, експертите предупредуваат дека договорот е само прв чекор и дека конфликтот е далеку од завршен…