Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израел ослободи 200 Палестинци

/

пред 633 дена

Сподели преку :

Израел соопшти дека се ослободени сите 200 Палестинци од израелските затвори, во согласност со Договорот за прекин на огнот во Појасот Газа.

Поголем број од ослободените Палестинци ќе бидат испратени во егзил.

Претходно, Израел соопшти дека се ослободени 70 Палестинци откако Хамас ослободи четири припаднички на израелската армија, кои беа киднапирани од базата во близина на границата со Појасот Газа, за време на нападот врз јужен Израел на 7 октомври 2023 година.

Тоа е втора рунда размена во рамките на Договорот за прекин на огнот, што стапи во сила минатиот викенд, а треба да ги запре борбите на најмалку шест недели. Во тој период треба да бидат ослободени десетина Израелци, заложници на Хамас и стотици Палестинци од израелските затвори, како и да се зголеми дистрибуцијата на хуманитарна помош во енклавата.

Првата размена беше на 18 јануари кога три Израелки беа разменети за 90 Палестинци.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека денеска Хамас требало да биде ослободена уште една жена цивил, посочувајќи дека Израел нема да им дозволи на Палестинците да се вратат во северниот дел на Газа, сè додека таа не биде ослободена.