Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израелската влада потврди дека со ХАМАС постигнале договор за заложниците

/

пред 1072 дена

Сподели преку :

Размена на заложници и заробеници со прекин на огнот, израелската влада потврди дека постигнала договор со ХАМАС за ослободување на дел на заложниците.

-Израелската влада е посветена на враќање на сите заложници дома. Владата одобри реализација на првата фаза од постигнувасе на оваа цел, со што најмалку 50 заложници- деца и жени- ќе бидат ослободени во период од 4 дена, во кои ќе има застој на борбите, објави владата доцна синоќа.

За возврат, Израел ќе ослободи затвореници и жени од затворите, а владата на Нетанјаху не соопшти точна бројка на затвореници и не потврдува дали бројката од 150 која ја наведе ХАМАС е точна.

Потврден е и прекин на огнот од 4 дена, прв по почетокот на војната на 7-ми октомври кога беа земени во заложништво над 200 луѓе од Израел при ненадејниот напад на ХАМАС.

Во војната загинаа и над 1.300 луѓе во Израел и израелски војници во воените операции додека во Газа чиј северен дел е речиси целосно разурнат и уништен загинаа над 14 илјади луѓе, речиси половина деца.

Договорот е постигнат со медијација на повеќе држави иако главниот товар го понесе Катар.