Демократската кандидатка за претседател на САД, Камала Харис во интервјуто на Фокс Њуз вели дека, ако доколку ја добие довербата и стане претстедателка, нејзиниот мандат нема да биде продолжение на сегашниот претседател Бајден, ветувајќи дека ќе донесе „нов пристап“ во политиката.
Зборувајќи за актуелните прашања како што е имиграцијата, таа ја истакна потребата од реформирање на „расипаниот систем“, со кој сега се соочува САД, а го обвини Трамп дека неговата идеологија е одговорна за поделба на луѓето во земјата.
„Пред сè, вртење на страницата од последна деценија, во која бевме оптоварени со видот на реториката што доаѓа од Доналд Трамп, која едизајнирана и имплементирана за да ја подели нашата земја и Американците, буквално да покажуваат прсти еден кон друг. Реториката и пристап кон лидерството кој сугерира дека силата на лидерот се заснова на тоа кого ќе го победите наместо на она што сите го знаеме, силата на лидерството се заснова на токого ќе го подигнете“ изјави Камала Харис, претседателски кандидат на САД.











