Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кина почна со примена на првата аеросолна вакција против ковид-19

/

пред 1439 дена

Сподели преку :

Медицинските служби на Шангај денеска почнаа со примена на првата аеросолна вакцина против ковид-19, соопштија градските власти.

Кинеското регулаторно тело кое одобрува лекови и медицински средства во септември издаде одобрение за употреба на аеросолната вакцина како бустер доза, јавува агенцијата АП.

Вакцината е развиена од кинеската биофармацевтска компанија „Кансино Бајолоџик“ и направена е според нова технологија која би можела да штити од вирусот пред да стигне до останатиот дел од респираторниот систем, иако тоа делумно би зависело и од количината на изложеност на коронавирусот.

Вакцинацијата против ковид-19 не е задолжителна во Кина, меѓутоа властите сакаат што повеќе луѓе да добијат бустер доза, пред да се ублажат строгите ограничувања како мерки во борбата против пандемијата која ја забавува економијата во време кога најголем дел од светот веќе ги укина рестрикциите.