Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кремљ: Последната изјава на Бајден е лош обид да глуми „холивудски каубој“

/

пред 975 дена

Сподели преку :

„Последната изјава на Бајден е лош обид да глуми „холивудски каубој“ – порача Кремљ по навредливите коментари што ги упати челникот на Белата куќа кон неговиот руски колега Путин. Портпаролот на Кремљ Димитриј Песков возврати дека употребата на таков јазик нема да му наштети на лидерот на Русија.

Вербалните напади на Бајден против Путин, нагло се интензивираа по смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални.

„Не знаеме што точно се случи, но нема сомнеж дека смртта на Налвани е последица на нешто што го направија Путин и неговите насилници“, рече Бајден во Белата куќа.

Кремљ негираше вмешаност во смртта на Навални и рече дека западните тврдења дека Путин е одговорен се неприфатливи.

Бајден и Путин остануваат длабоко во несогласување околу руската инвазија на Украина пред две години, поради која Русија беше санкционирана од Соединетите Држави и другите западни земји. Реакциите на Бајден доведоа до дополнително заладување во веќе огорчените американско-руски односи.