Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Масакр во САД, убиени 22 луѓе, потера по убиецот

/

пред 1075 дена

Сподели преку :

Во градот Луистон во САД во два вооружени напади убиени се најмалку 22 луѓе. Двата напади се извршени во ресторан и во куглана, а локалните власти соопштија дека жртвите се на сите возрасти, од мали деца до постари луѓе.

Во нападите се повредени уште 50-тина луѓе. Убиецот со автоматска пушка влегувал во објектите и пукал кон луѓето. По двата напади избегал, а полицијата е во потера по него.

Осомничен е 40-годишен маж кој бил обучувач за ракување со оружје, но летото бил на двонеделен психијатриски третман.

Луистоне втор по големина град во државата Мејн на северозапад на САД. Градот има околу 38 илјади жители. Во целата држава Мејн лани имало вкупно 29 убиства.